Слаб настап на македонските борачи на ЕП-У23 во Скопје

73

Македонските борачи имаа слаб старт на настапите на Европското првенство во борење слободен стил за борачи до 23 години, кое вчера почна во Скопје. На првиот ден од натпреварите, сите наши борачи загубија со технички туш, додека Бесир Алили ја загуби борбата службено, бидејќи имал поголема килажа.

Убедливи порази на стартот забележаа Елмедин Сејфулаху во категоријата 65 кг кој загуби од Улаџислау Коика (Блр) 0-10, Фати Вејсели (70 кг) кој беше поразен од Раул Зарбалиев (Изр) 1-11, Астрит Исмаили (79 кг) кој загуби од Ерик Реинбок (Ест) 0-10 и Рамадан Мустафовски (97 кг), кој немаше шанси со Ертугрул Агца (Гер) 0-10.

Денеска на вториот ден од натпреварите, Серхан Шакиров стартуваше со победа во категоријата 74 кг над Арјан Данај (Алб) 13-3, а во наредното коло загуби минимално од Романецот Кристијан Биро 12-14, кој е европски вицешампион до 20 години. Арбен Абази, Реџеп Хајдари и Омер Сејфулаху изгубија со тенички туш.

ПретходноМагија на Кавани, го лобуваше голманот на Фулам од 40 метри (ВИДЕО)
СледноТаткото на Скамака дивеел во базата на Рома