Таткото на Скамака дивеел во базата на Рома

116

Италијанските медиуми пренесуваат информација за немил настан денеска во базата на фудбалскиот клуб Рома.

Имено, таткото на Џанлука Скамака инаку во моментов член на тимот на Џенова на позајмица од тимот на Сасуоло, влегол во базата и тотално полудел. Почнал да крши наоколу, и со тврд предмет искршил пет автомобили на паркингот меѓу кои и оној на спортскиот директор Тиаго Пинто.

Причината зошто го сторил ова сеуште не е позната, а Скамака сениор откако „посетил“ и два помошни терени на кои во тој момент тренирале младинските категории на Рома конечно бил сопрен во „дивиот поход“ и бил уапсен.

Инаку Џанлука Скамака своевремено беше еден од најголемите таленти на младинската школа на Рома, а потоа замина во ПСВ Ајндховен. И тој и татко му се родени Римјани.

ПретходноСлаб настап на македонските борачи на ЕП-У23 во Скопје
СледноГолем „пех“ за Германија: Марко Ројс потврди дека нема да игра на Евро 2020