Финале Куп – Васоски и Стоилов: Сон на секој фудбалер и тренер е да игра финале!

166

Академија Пандев е бранител на Купот. Имено во 2019 година таа ги победи “лавовите“ во финалето, а лани поради пандемијата не се доигра завршницата од ова натпреварување. Па така “пандевци“ имаат шанса двапати едноподруго да дојдат до големиот пехар, но и да искочат во Европа.

За тоа што може А. Пандев утре против Силекс, свој коментар имаат тренерот Александар Васоски и капитенот Ѓорѓи Стоилов.

“Па, сон на секој фудбалер и тренер е да игра финале. Релаксација за нас е што обезбедивме опстанок. Ние сме последни освојувачи и се надеваме дека така ќе остане. Лошо е што се игра без публика, но тоа е тоа. Имам неколку дилеми за составот, ама кој се на располгање тие и ќе играат“ посочи Васоски на кого ова му е прво финале како тренер.

“Чест и задоволство е да се игра финале. Ние ќе го дадеме својот максимум со цел да победиме и да се радуваме“ изјави капитенот Стоилов.

ПретходноЕуро Никел се сели во Гевгелија
СледноФинале Куп – Симов и Тимовски: Шансите се 50-50%, подобриот нека победи!