Финале Куп – Симов и Тимовски: Шансите се 50-50%, подобриот нека победи!

241

Силекс по цели 24 години одново е во големото финале во Купот на Македонија. Последен пат кратовци играа во завршниот меч во далечната 1997 година кога во Кавадарци ја победија тогаш Слога Ј со 4:1 и го освоија големиот пехар. Во Силекс не кријат дека сакаат да дојдат до пехарот.

Свое видување за тоа што може да се очекува од утрешниот меч го кажа тренерот Горан Симов.

“Многу важен меч за нас. Во финалето се две екипи кои заслужија да се на многу повисоко ниво во ПМФЛ. Шансите се 50-50%, и кој е подобар тој нека победи. Калкулиравме со составот на последниот меч. Овие два меча, финалето и баражот се многу важни за нас. За составот што да кажам, под голем знак прашалник е настапот на Мустафов, другите се тука“ потенцираше Симов, кој исто така за првпат како тренер ќе биде учесник во едно вакво големо финале.

Капитенот Ангел Тимовски вели дека се подготвени, противникот е добро анализиран.

“Мислам дека сме доволно подготвени. Подобриот нека победи, но мислам дека можеме да победиме, ги анализиравме добро нашите ривали и знаеме каде сме подобри. Инаку ако не успееме да останеме во ПМФЛ овој пехар за нас не би значел ништо. Финале како финале. Го даваш својот максимум, може да се случи да играш еднаш, а може и ниту еднаш“ заврши капитенот на Силекс.

ПретходноФинале Куп – Васоски и Стоилов: Сон на секој фудбалер и тренер е да игра финале!
СледноДинамо Букурешт потврди: Добредојде Дисингер