Челзи го доби дербито со Лестер и зачекори кон потврда на место во ТОП 4 (ВИДЕО)

116

Финалистот во Лигата на шампионите, екипата на Челзи, направи голем исчекор на патот до место во најквалитетното европско клупско натпреварување и следната сезона, откако вечерва пред своите навивачи славеше над екипата на Лестер со 2:1. „Сините“ иако имаа два поништени гола во првото полувреме, не се обесхрабрија, и во вториот дел направија голем исчекор кон победата уште на самиот старт на полувремето.

Ридигер погоди во 47. минута за водство од 1:0, додека Жоргињо од пенал во 66. минута зголеми на 2:0.

Лестер се врати во игра со голот на Ихеаначо во 76. минута, а до крајот имаше уште неколку одлични шанси за реми кои не успеа да ги искористи.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЦрвена Звезда поведе со 2-0 во финалето на АБА лигата
СледноГундоан се повреди, неизвесен за финалето на ЛШ?