Шведска го објави изборот на фудбалери за Евро 2020

97

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Jaне Андерсон го објави списокот на играчи на кои ќе смета на претстојното Европско првенство.

Изборот на Андерсон е без Златан Ибрахимовиќ, кој мораше да го откаже учеството поради повреда.

Шведска е во групата „Е“ заедно со Шпанија, Полска и Словачка.

Првиот натпревар ќе го одиграат на 14 јуни против Шпанија во Севилја, па потоа следуваат и дуелите со Словачка (18 јуни) во Санкт Петербург и Полска (23 јуни) повторно во рускиот град.

ПретходноЏани и Лидс Ј. триумфално на „Ст Мери“, Манчестер Ј. и трет меч едноподруго не знае за победа (ВИДЕО)
СледноТројца македонски боксери на „Монтенегро Куп“