Џани и Лидс Ј. триумфално на „Ст Мери“, Манчестер Ј. и трет меч едноподруго не знае за победа (ВИДЕО)

50

Фудбалерите на Лидс Ј. продолжија да редат победи во завршницата на сезоната во Премиер лигата. Алиоски и неговите колеги вечерва се вратија со победа од Саутемптон, каде со голот на Бамфорд стигнаа до водство од 1:0 во 73. минута, а во 95. минута Робертс ја запечати победата за 2:0 и за 17-тата сезонска победа, која ги носи на 8. место на табелата на коло пред официјалниот финиш на сезоната. Алиоски го одигра комплетниот меч за Лидс Ј. и гоз апиша својот 34. настап во Премиер лигата сезонава.

Во вториот меч кој вечерва заврши од претпоследното 37. коло, Манчестер Ј. одигра само 1:1 пред своја публика на средбата со Фулам. Домашните поведоа со голот на Кавани, додека во вториот дел Брајан успеа да израмни за Фулам. За „црвените ѓаволи“ ова беше трет меч во серија без победа, прв нерешен по двата последователни порази во минатите две кола.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

ПретходноГаздата на Сити ќе го плати патувањето на навивачите во Порто
СледноШведска го објави изборот на фудбалери за Евро 2020