Во меч без резултатско значење, фудбалерите на Брајтон на задоволство на своите навивачи се потрудија со пресврт да го совладаат новиот шампион на Англија, Манчестер Сити. Домаќините славеа со 3:2 и со тоа на најдобар можен начин ја завршуваат сезоната на својот стадион.
Во втората минута, Сити поведе со голот на Гундоган, а веќе во 10. минута
„Граѓаните“ останаа со играч помалку по директниот црвен картон за Кансело.
Во 48-та минута убава акција на Сити, која Фоден ја претвори во гол за 0:2.
Домаќините брзо возвратија преку Тросард, кој погоди за 1:2 во 50-та минута од играта, а во 72-та минута Вебстер погоди за 2:2.
Големиот пресврт се случи во 76. минута, кога Барн погоди за 3:2.