Христијан Кировски се чини дека не погреши што во зимскиот преоден рок од Гостивар се пресели во Скопје. И тука просто „експлодира“ пролетва на голгетерски план. И тоа како им помогна на “пиратите“ да се вратат во елитата.
Кировски на крајот заврши на чело на листата на стрелците во ВМФЛ – ЗАПАД со 15 голови, дури четири повеќе од второпласираните Алији и Лога.
Кога сме кај Кировски да кажеме и тоа дека во сезоната 2010/2011, значи пред точно десет години беше прв стрелец во ПМФЛ, интересно е тоа што и тогаш го предводеше нападот на Скопје.
Нема сомневање дека во следната сезона фановите на Скопје очекуваат од Кировски да тресе и во елитата, а тие да се радуваат на неговите голови, на победите на нивниот сакан тим.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
15
Х.КИРОВСКИ (Скопје)
11
Е. АЛИЈИ (Дрита)
А. ЛОГА (Велешта
9
В.ЖОГЛЕВ (Скопје)
8
А.ИМЕРИ (Велазерими)
Ш. РЕЏЕПИ (Охрид)
7
И. АЈРУЛАХУ (Скопје)