Кошаркарите на МЗТ Скопје 2 и официјално обезбедија опстанок во Првата лига, откако Арбитражната комисија на КФМ ја одби жалбата на Вардар на одлуката на комесарот Александар Милојевиќ.
Тимот од Аеродром доби службена победа во вториот меч од плејаут, која автоматски значеше задржување на прволигашкиот статус.