Репрезентацијата на Австрија односно селекторот Франко Фода денеска го соопшти составот на играчи со кои оваа селекција замине на ЕП и воедно ќе ни се спротивстави на дуелот во групата Ц.
Со Австрија играме на 13. јуни, а селекторот Фода се одлучи за играчи кои и досега беа носители на играта на оваа силна селекција, со која што ние имаме стари нерасчистени сметки.
Секако во прв ред тука се Марко Арнаутовиќ и Давид Алаба кои летово најверојатно го засилува Реал Мадрид.
ФОТО: Твитер/Давид Алаба