БОМБА од Бразил: Чави седнува на клупата на “кариоките“?

112

Додека Барселона го чека за конечен договор тој е на одмор, а притоа потпиша и нов договор со актуелниот негов клуб Ал – Сад од Катар, легендарниот некогашен капитен на каталонците, Чави Ернандез има понуда од соништата. Имено како што известуваат медиумите во Шпанија, Чави добил понуда да седне на клупата на репрезентацијата на Бразил. Се разбира дека оваа функција е најпосакувана од сите селектори и тренери во фудбалскиот свет.

Планот е прво тој да биде помошник на селекторот Тите се до СП во Катар 2022, а по Мундијалот самостојно да го води Бразил.

Сепак дали ова ќе се оствари или не, зависи од самиот Чави. Тој премногу е врзан со Барселона да ако не ова лето, тогаш во блиска иднина би станал тренер на каталонската гордост.

ПретходноДеспотовски: Нема калкулации, сакаме победи на сите средби
СледноПерез го “купува“ Алегри со 10 милиони евра по сезона!