Македонската одбојкарска репрезентација во петок во струмичката сала „Парк“ стартува со настапите на првиот турнир од новото издание на Европската Сребрена лига. Во очекување на премиерата со Кипар, нашите одбојкари продолжуваатсо засилено темпо на тренинзи, но и видео-анализи на противниците.
Репрезентативниот техничар Филип Деспотовски, вели дека деновиве се прават и последните анализи на противниците, а одбојкарите се подготвени на нападнат со сета сила уште на воведните дуели, иако овие први два турнира во Струмица и во Шлагелсе (Данска) на резултатски план за нас не значат ништо.
„Иако сме сигурни учесници на Ф4 турнирот имаме за цел да одиграме најдобро што знаеме на двата турнира и овде кај нас и во Данска. Нема калкулации, мора да тргнеме силно од првиот меч со Кипар, па до последниот во Шлагелсе. Ги знаеме противниците, но да одиме чекор по чекор. Прв противник е Кипар, селекција со послаб рејтинг од нас и од она што го знаеме за нив и нивниот состав, искрено очекувам победа и тоа со максимален резултат“, вели нашиот „плеј“.
Македонија в петок против Кипар игра од 20 часот, откако претходно турнирот во Струмица ќе го отворат Данска и Израел од 17 часот.