Голден Арт КЛ 7 се врати на победите по поразот во минатото коло од Јуниор К.В во рамките на плеј-аут лигата. На домашен терен ракометарите на КЛ7 беа подобри д Астраион со убедливи 36-23.
Ова беше средба која домаќинот ја реши уште во првото полувреме, поведе со 4-1, 6-2 и 9-3, на одморот имаше позитива од четири гола (15-11).
Не се промени ништо ниту во второто полувреме. Ракометарите на КЛ7 беа доминантни, предводени од Стојковиќ и Илиевски (заедно постигнаа 12 гола), дојдоа до шестата победа во плеј-аут лигата.
На другата страна Котевски и Ефтимов, заедно имаа 16 погодоци, но истите не беа доволни за гостински бодови.
ФОТО: Голден Арт КЛ 7