Како што веќе информиравме, на денешната седница на УО на ФФМ беа донесени повеќе одлуки воврска со премиите на нашите репрезентативци. Па така секоја победа на претсојното ЕП во групната фаза, на кое ќе учествува и Македонија, нашите фудбалери ќе бидат премирани од страна на ФФМ со вкупна премија од 300.000 евра.
Додека за секое реми во оваа фаза од ЕП таа ќе изнесува 150.000 евра.
Донесена е одлука во случај репрезентацијата да ја мине групната фаза, тогаш 30% од износот кој ќе се добие од УЕФА за покривање на трошоците за учество на ЕП, да им припадне на репрезентативците.
Исто е донесена одлука секој играч за повик во А репрезентацијата за ЕП да добие 1.500 евра, а дополнитлни 1.500 евра ќе се исплатат за дополнителен повик ако Македонија ја помине групата.