Оваа сезона Лигата на шампионите ќе добие нов владател. Актуелниот првак, Кил не успеа да ја одбрани позитивата од два гола од првата четвртфинална средба, на гостувањето кај ПСЖ беше поразен со 34-28.
Раул Гонзалез и неговите момци заверија билет на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. Одлична партија на оваа средба прикажаа Пранди и Ремили, постигнаа, девет односно седум гола.
Францускиот тим по првото полувреме имаше предност од 16-15, по првите десет минути од второто полувреме, ПСЖ почна да го гради патот кон Ф4, поведе со плус шест. На другата страна Кил не успеа да најде решение за играта на противникот.
Денеска ќе биде познати и вториот патник, се среќаваат Фленсбург и Алборг.