Симов: Јунаци се ова, жал ми е што Ѕинго не може ова да го види!

509

За разлика од неговиот колега Васоски, стратегот на кратовци Горан Симов беше воодушевен по мечот. Како и не би кога по цели 24 години Силекс го врати пехарот во Купот во своите витрини.

Фала му на Господ, јунаци се ова на Силекс, испишаа историја. Се вели Леси се враќа дома, но сега ние викаме квицко се враќа дома. Имено 24-25 години се чека ова во Кратово.Жал ми е што само Ѕинго ова не може да го види. Следната желба ми е само да победиме и во баражот. На мене е сега да најдам начин да прославиме вечерва а од утре да се подготвуваме за баражот“ истакна тренерот на кратовци.

Капитенот на Силекс, Ангелче Тимовски пак посочи…

Го посветуваме овој пехар на Ѕинго, знам дека е со нас и дека некаде од горе го гледаше ова финале. Среќен сум премногу оваа вечер“ не ја криеше радоста десниот бек на Силекс.

ПретходноВасоски: Штета, бевме подобри, пеналите се лотарија, за повлекувањето од Лигата прашајте го Тренчовски!
СледноСилекс со победничкиот пехар во Купот….(ФОТОГАЛЕРИЈА)