Швеѓаните веќе го прежалија, но Ибра порача: Ништо не е готово!

289

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ неодамна се поведи на дуелот меѓу Јувентус и Милан. Мораше да го напушти теренот поради проблем со коленото, а првите информации беа дека станува збор за сериозна повреда.

Медиумите во Шведска објавија дека Ибра нема да биде подготвен за ЕП и дека нема да се најде на списокот на оваа репрезентација. Тој се врати после пет години, со цел да и помогне на својата земја да се најде на континентлното натпреварување, но повредата дојде во најлош момент.

Од федерацијата пред неколку дена објавија дека Ибрахимовиќ порачал дека нема да биде подготвен, но како стојат работите се чини се предомислил.

„Ништо не е готово дека не кажам јас“, порача Ибрахимовиќ на „Твитер“ и ја воодушеви јавноста.

Претходно28.финале-Куп на Македонија: “Пандевци“ и Силекс во битка за пехарот, во битка за Европа!
СледноПремија од 150.000 евра ќе поделат репрезентативците!