Ангелов: Против Охрид можеме да направиме џиновски чекори кон третото место

64

По паузата поради Купот на Македонија денеска продолжуваат мечевите од плеј-офот и плеј-аутот.

Во центарот на вниманието е дуелот меѓу Охрид и Т. Пролет, кој е закажан со почеток во 19 часот. Првиот меч им припадна на домаќините, до целиот плен дојдоа на гостински терен. Бодовите се важни за двата тима, охриѓани паднаа шестото место, додека скопјани ја држат третата позиција со 15 бода.

„Работевме квалитетно во овој период, имавме десетина дена да се подготвиме и мислам дека максимално ги искористивме. Подобро сме подготвени на физички план, новиот тренер внесе и некои нови тактички замисли со кои мислам дека напредуваме на колективен план. Ова е меч на кој немаме што да загубиме, бидејќи и во случај на пораз би имале доволно можности за да стигнеме до посакуваното трето или четврто место. Од друга страна, можеме многу да добиеме бидејќи би направиле џиновски чекор кон третото место, затоа одиме во Охрид на победа, секој од нас, од масерот до последниот резервен ракометар да дадеме свој придонес за да стигнеме до триумф“, вели Петар Ангелов за официјалната страница.

Искусниот чувар на мрежата смета дека во прилог на Тинекс Пролет оди и падот во формата што ја покажа Охрид на последните натпревари.

„Станува збор за квалитетен тим што е добро покриен на сите позиции, има брза транзиција и полуконтра, а голманите традиционално одлично бранат на овие дуели со Пролет. Се надевам дека тоа нема да биде случај денеска, дека ние ќе бидеме тимот што ќе го контролира темпото. Факт е дека Охрид не делува веќе така доминантно како во првиот дел од сезоната, резултатите на последните средби го покажуват тоа. Ќе се обидеме да го искористиме тоа и да забележиме триумф кој ќе биде многу значаен за остварување на нашите зацртани цели“.

Во плеј-аутот се играат две средби, Голден Арт КЛ7 е домаќин на Астрион (16:30), додека Радовиш на Прилеп (17 часот).

ФОТО: РК Т.ПРОЛЕТ

ПретходноПротестите зедоа 42 животи: Колумбија се откажува од организација на Копа Америка?
СледноНова добра вест за Бензема