Бенфика со понуда до Диего Коста!

484

Пред речиси пет месеци, Диего Коста, репрезентативецот на Шпанија го напушти Атлетико Мадрид и од тогаш нема заиграно што се вели сериозен фудбал. Сепак, тие денови се минато, па така Бразилецот со шпански пасош најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Бенфика. Имено како што се најавува, гигантот од Лисабон има намера да му понуди на Диего Коста договор вреден по 3,5 милиони евра по сезона.

Покрај Бенфика тука се и Сао Паоло и Палмеирас, кои и зимоска беа силно зантересирани за неговите услуги.

Да кажеме дека тој и покрај своите 32 години се уште е баран на трансфер пазарот.

ПретходноОфицијално: Германија со Хумелс и Милер на ЕП 2020
СледноТрофејот за Силекс: Најслабото финале – да немаше пенали ќе играа до…. (видео)