Бостон обезбеди плеј-оф, Индијана и Вашингтон за последното место на Истокот

103

Кошаркарите на Бостон се пласираа во плеј-офот во НБА лигата откако синоќа во меч од плеј-ин делот славеа дома над Вашингтон со 118:100. Визардс ќе имаат шанса да се борат за плеј-офот со Индијана Пејсерс, која уште поубедливо го совлада Шарлот Хорнетс со 144:117.

Селтикси ќе се сретнат со Бруклин Нетс во првото коло од плеј-офот, откако синоќа имаа одлична серија на почетокот на вториот дел кога Вокер и Тејтум му донесоа на својот тим двоцифрена предност со серија од 22-4.

Неверојатниот Тејтум со 50 поени, 8 скока и 4 асистенции практично на свој грб го понесе Бостон кон плеј-офот, додека Кемба Вокер запиша 29 поени.

Индијана иако ослабена без Керис Леверт Тарнер, Ворен и Ламб, сепак, успеа да го добие тимот на Шарлот со убедливи 144:117. Брисет беше најефикасен со 23 поени, а Даг Мекдермот заврши со 21 поен.

Вашингтон и Индијана во клучниот меч за плеј-оф ќе се сретнат ноќта меѓу четврток и петок.

ПретходноГундоан се повреди, неизвесен за финалето на ЛШ?
СледноУникатен рекорд: Ихеаначо е првиот кој дал гол во секој ден од неделата оваа сезона