Германија се одлучи за проверени сили, се враќаат Милер и Хумелс во националниот тим

67

Германската фудбалска репрезентација, и нејзиниот долгогодишен предводник, селекторот Јоаким Лев денеска и официјално го објавија списокот на репрезентативци кои ќе настапат на следниот Европски шампионат.

Лев, кој инаку последен пат ќе ја води Германија на едно големо натпреварување, се одлучи за релативно проверен тим, кој и досега настапуваше, а новитет е враќањето на ветераните Томас Милер односно Матс Хумелс.

За нив очигледно дека секогаш ќе има место во националниот тим, а и тој очигледно дека има потреба од нив, со оглед на проблематичните резултати во пследно време на „Панцирите“.

Голмани: Бернд Лено (Арсенал), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Кевин Трап (Ајтрахт Франкфурт)

Одбрана: Матијас Гинтер (Б. Менхенгладбах), Робин Госенс (Аталатна), Кристијан Гинтер (Фрајбург), Мрасел Халстенберг (Лајпциг), Матс Хумелс (Б. Дортмунд), Лукас Клостерман (Лајпциг), Робин Кох (Лидс), Антонио Рудигер (Челси), Никлас Зиле (Баерн Минхен).

Средина: Емре Чан (Б. Дортмунд), Леон Горецка (Баерн Минхен), Илкај Гундоган (Манчестер Сити), Јонас Хофман (Б. Менхенгладбах), Џошуа Кимих (Баерн Минехн), Тони Крос (Реал Мадрид), Флоријан Нојхаус (Б. Менхенгладбах).

Напад: Серж Гнабри (Баерн Минхен), Каи Хавертс (Челси), Томас Милер (Баерн Минхен), Џамал Мусијала (Баерн Мингхен), Лерој Сане (Баерн Минхен), Кевин Фоланд (Монако), Тимо Вернер (Челси).

 

ПретходноСтрашна експлозија го уништи домот на директорот на Селтик
СледноАнгеловски утре со списокот за ЕП