Еуро Никел продолжува да доминира на дуелите со Гостивар. Кавадарчани покажаа дека убедливата партија во Купот на Македонија не е случајна, на првата четвртфинална пресметка во плеј-офот го совладаа составот на Александар Јончевски со 90-79.
На овој начин избраниците на Горан Самарџиев се најдоа на победа до полуфиналето. Триумфот е уште поголем, ако се земе во предвид дека истиот го остварија во Гевгелија, салата во Кавадарци нема да биде во употреба подолго време, стана центар за вакцинација.
Гостивар поведе со 22-24 по првата четвртина, а потоа темпото го наметна домаќинот. На одморот замина со позитива од 47-39, додека во решвачките десет минути влезе со водство од 70-53.
Еуро Никел до крајот немаше никаков проблем, искусно го приведе мечот и веќе во недела со победа на гостински терен ќе се обиде да завери полуфинале.
Рикиќ, Мијатовиќ и Соколов беше главното трио на кавадарчани заедно постигнаа 54 поени, на другата страна Тодоровиќ имаше 20 поени.