Гундоан се повреди, неизвесен за финалето на ЛШ?

43

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити оваа сезона, Германецот Илкан Гундоан, заработи повреда на вчерашниот меч со Брајтон во претпоследното коло од Премиер лигата.

Манчестер Сити загуби на гостувањето со 3:2, а на почетокот на второто полувреме, играчот од средниот ред го повреди коленото. Засега нема информација за тежината на повредата, но Гундоан ризикува да го пропушти финалето од ЛШ против Челзи на 29 мај во Порто.

ПретходноЧелзи го доби дербито со Лестер и зачекори кон потврда на место во ТОП 4 (ВИДЕО)
СледноБостон обезбеди плеј-оф, Индијана и Вашингтон за последното место на Истокот