Зоран Мамиќ уапсен во БиХ!

100

Како што велат информациите од БиХ, тамошната полиција во текот на денешниот ден го уапсила Зоран Мамиќ, довчерашниот тренер на Динамо Загреб, кој пред неколку недели побегна од Хрватска откако таму беше осуден на затворска казна од 4 години и осум месеци.

Зоран Мамиќ побегна во БиХ, исто како што тоа го направи неговиот брат Здравко.

Сепак добра вест за Зоран е тоа што БиХ, според важечките закони, не ги екстрадира своите државјани во Хрватска, а Зоран има и босанско државјанство.

Инаку браќата Мамиќ се осудени од надлежниот суд во Хрватска дека извлекле 15,5 милиони евра од касата на Динамо Загреб.

Претходно28.финале – Куп на Македонија: Од Вардар па до Академија Пандев…историјат!
СледноСтрашна експлозија го уништи домот на директорот на Селтик