Илијоски – пет финалиња, пет трофеи во Купот: Им давам мала предност на “Пандевци“!

603

Баже Илијоски, некогашен капитен на Работнички, член на Пелистер, Шкупи, е рекордер и во поглед на освоените пехари во Купот на Македонија. Интересно е тоа што тој има пет настапи во финалето во Купот и нема пораз, се радувал на сите пет трофеи. Биланс кој е вистински фудбалски раритет. Се започна во 2008 година во финалето во кое во Скопје екипата на Работнички го победи Милано со 2:0. Потоа во 2011 година на финалето во Прилеп, тогаш како фудбалер на Металург славеше со 2:0 против Тетекс. Во 2014 година, повторно како „романтичар“ се радуваше, сега против Металург со 2:0. Следната година исто како член на Работнички го освои четвртиот пехар и тоа против Тетекс кога беше 2:1. И на крај, во 2017 година во Струмица, Баже беше херојот на Пелистер против Шкендија, кога успеа да го постигне последниот гол во пенал – серијата и да му го донесе пехарот на битолскиот клуб.

Значи излегува дека ако сакаш пехар во Купот ангажирај го Баже, тој не губи во големото финале.

Уф, тоа беа убави времиња. Убаво се сеќавам на сите мои финалиња, прекрасни моменти. Горд сум, секако. Сите пет пехари и финалиња ми се драги. Се сложувам дека ова е големо остварување за мене. Да се игра финале во Купот е посебно чувство, а да се игра на пет и на сите пет да се радуваш на пехарот, е тоа е нешто фантастично“ се потсетува Баже за СПОРТМЕДИА во пресрет на денешното Куп финале меѓу Академија Пандев и Силекс.

 

ОЧЕКУВАМ ОТВОРЕН ФУДБАЛ…

Тој вели дека очекува отворен и напаѓачки фудбал од двете екипи во ова финале.

Штета што нема да се игра со публика. Оваа корона навистина е досадна. Ќе мораме да го гледаме финалето на ТВ. Мислам дека А. Пандев се во мала предност, дека ја имаат улогата на благ фаворит. Сепак Силекс е одличен тим, па лани кратовци играа во квалификациите во ЛШ. И двете екипи незаслужено, според квалитетот сезоната во ПМФЛ ја завршија во долниот дел. Притисокот ќе биде на страната на Силекс, ова е поради фактот дека во вторник ги чека бараж за опстанок во елитата. Ги ценам и Васоски и Симов како тренери зошто не знаат да се бранат, секогаш инсистираат на отворен, напаѓачки фудбал. Не очекувам премногу голови, но затоа очекувам прекрасен натпревар. Финале во сакам да уживам покрај ТВ екраните. Им посакувам среќа и на двете екипи“ заврши Илијоски.

ПретходноПерез го “купува“ Алегри со 10 милиони евра по сезона!
Следно19 години од европската титула на Кометал Ѓорче Петров