КЛ7 убедливо против Астраион

118

Голден Арт КЛ 7 се врати на победите по поразот во минатото коло од Јуниор К.В во рамките на плеј-аут лигата. На домашен терен ракометарите на КЛ7 беа подобри д Астраион со убедливи 36-23.

Ова беше средба која домаќинот ја реши уште во првото полувреме, поведе со 4-1, 6-2 и 9-3, на одморот имаше позитива од четири гола (15-11).

Не се промени ништо ниту во второто полувреме. Ракометарите на КЛ7 беа доминантни, предводени од Стојковиќ и Илиевски (заедно постигнаа 12 гола), дојдоа до шестата победа во плеј-аут лигата.

На другата страна Котевски и Ефтимов, заедно имаа 16 погодоци, но истите не беа доволни за гостински бодови.

ФОТО: Голден Арт КЛ 7

ПретходноОдлука на УО: Секоја победа во групата на ЕУРО ќе носи 300.000 евра премија!
СледноКуп на Македонија: Васоски и Симов ги објавија стартните состави