И третпат во својата историја Силекс го освои пехарот во Купот на Македонија. Кратовци слават по цели 24 години. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им го предаде на победниците големиот пехар за големо славје за кратовци.
Ова е пехар кој во Кратово долго, долго го чекаше и го дочека.
А. Пандев не успеа да го одбрани трофејот, струмичани останаа и без Европа.
Силекс во вторник игра бараж за опстанок. Може да се случи со освоен трофеј и настап во Европа, но и испаѓање во Втора лига, кратовци да ја завршат сезоната.