Без голови по првите 45.минути се игра на Арената во Скопје, на 28.Куп финале меѓу А. Пандев и Силекс. Без премногу ризик, со многу тактика и без речиси ниту една шанса за гол. Само два удари кон головите, прво тоа беше шутот на Горгиев, но таа топка отиде над пречката на А. Пандев. Струмичани возвратија преку Серафимов во 38.минута, но тоа беше премногу лесна топка за да го изненадуи голманот на Силекс.
Очигледно е дека и за двете екипи пехарот е премногу важен како и настапот во Европа, па можеби затоа и се играше вака по првите 45.минути.
Да се надеваме дека во продолжение од средбата ќе има повеќе акции, да видиме и некој гол.
Во случај да нема победник по 90.минути тогаш ќе се играат продолженија, ако и тогаш нема победник тогаш ова финале ќе го решаваат пеналите.