МЗТ Скопје е четвртиот тим кој веќе во недела може да обезбеди пласман во полуфиналето во плеј-офот. Тимот од Аеродром по освојувањето на Купот на Македонија, почна да чекори по истата патека, но сега за титулата ќе треба многу повеќе од една победа.
Избраниците на Дарко Радуловиќ на првата четвртфинална средба го совладаа Куманово со , не дозволија на противникот да си оди со целиот плен. Првиет две четвртини беа подолени, на почетокот беше подобар МЗТ Скопје (23-11), а потоа гостите (14-26). Второто полувреме мина во знакот на скопскиот состав го доби со 51-34.
Олуџоби беше најрасположениот кошаркар, постигна 24 поени и 7 скока, Крстевски имаше 14 поени. Андрејевиќ имаше дабл-дабл од 17 поени и 11 скока кај Куманово.
Втората средба се игра во недела на теренот на Куманово.