Масимо Алегри, еден од најдобрите тренери во Италија и воопшто во фудбалскиот свет, има понуда која се чини дека не може да ја одбие, и тоа од најголемиот клуб во светот. Откако е познато дека Зинедин Зидан и дефинитивно по завршување на сезоната ќе си оди од “Сантијаго Бернабеу“, Флорентино Перез, газдата на Реал Мадрид го посакува токму за Алегри за негов наследник. Во игра за нов тренер на “кралевите“ е и легендарниот Раул, но сепак Перез смета дека Алегри е идеално решение, па затоа му понудил 10 милиони евра по сезона само да каже ДА и да дојде во Мадрид на завршни преговори.
Интересно е тоа што за Алегри се силно заинтересирани и два италијански гиганти, Јувентус и Наполи.