Почнува плеј-офот: Осумте најдобри во битката за титулата

85

Денеска стартува плеј-офот во домашното првенство. Осумте најдобри екипи од првиот дел од сезоната, ја почнуваат битката за шампионската титула. Двојките во оваа фаза се исти како во четвртфиналето од Купот кое се играше во изминатиот викенд, но овој пат ќе се игра според системот подобар во три натпревари. Тимовите ќе немаат време за одмор, кошарка ќе се игра среда-петок-недела.

Купот на Македонија беше добра најава за најважниот дел од сезоната. Видовме како Академија ФМП го изненади Пелистер, па токму оваа средба, но и останатите ветуваат одлична кошаркарска претстава.

КФСМ излезе со деталниот план, полуфиналето стартува на 26. овој месец, а шампионот најдоцна ќе го дознаеме на 10. јуни.

• Четвртфинале, 19.05.2021 (среда), 21.05.2021 (петок) и 23.05.2021 (недела),

• Полуфинале, 26.05.2021 (среда), 28.05.2021 (петок) и 30.05.2021 (недела),

• Финале, 02.06.2021 (среда), 04.06.2021 (петок), 06.06.2021 (недела), 08.06.2021 (вторник) и 10.06.2021 (четврток), кога би го имале и новиот шампион за сезоната 2020/2021 година

ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-ПРВ НАТПРЕВАР

ДЕНЕСКА:

17.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар

https://youtu.be/l5RKBqqQKmY

17.00: Работнички – ТФТ  (МРТ3)

https://youtu.be/Ja-lKHbvl7Y

18.30: Пелистер – Навико Академија ФМП

https://youtu.be/DDPruAGw3bk

20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009

https://youtu.be/CpbppyaJacU

ПретходноНова добра вест за Бензема
СледноЕХФ воведува нова технологија