Работнички ја доби пресметката со ТФТ (ФОТО)

852

Работнички и ТФТ одиграа уште еден неизвесен натпревар оваа сезона, би рекле традицијата продолжи кога станува збор за пресметките меѓу овие два тима. На крајот како победник излезе Работнички кој славеше со 72-65 и поведе со 1-0 во четвртфиналната пресметка во плеј-офот.

Дуелот беше изедначен, Работнички на кратко делуваше како подобар, па имаше и шанса да наметне свој ритам, но жилавиот дебитант не го дозволуваше тоа. Во 26. минута беше 46-37 за избраниците на Димитар Мираковски, но тоа не беше доволно. ТФТ се врати на голема врата, дури и поведе со 51-52.

Не траеше долго, Работнички дојде на 65-58, а со тројката на Караџовски во последната минута од мечот осигура водство од 70-63. Бејли не реализираше три слободни фрлања по ред, па стигна казната.
Најефикасен кај победникот беше Питс со 16 поени, еден помалку постигна Аска, кој запиша дабл-дабл, додаде 11 скока. Кај ТФТ, Бејли имаше 17 поени и 11 скока.

ПретходноГостивар стана пациент на Еуро Никел, кавадрчани на победа до полуфинале
СледноИ официјално шампион: Црвена Звезда стана светски рекордер!