Рускиот пливач Климент Колесников (20) вчера на Европското првенство во Будимпешта освои златен медал на 50 метри грбно, поставувајќи нов светски рекорд.
Колесников во понеделникот стана првиот пливач кој пливал на 50 метри грбно за помалку од 24 секунди (23,93 секунди) во полуфиналето, а во веќе вчера успеа границата да ја спушти за уште 13 стотинки, со што до златото дојде со второ соборувањ ена ветскиот рекорд, овој пат плувајќи 23,80 секунди.
Претходниот светски рекорд (24.00 секунди) исто така беше во негова сопственост и беше на сила од Европското првенство во Глазгов во 2018 година.
Русите имаа фантастична доминација на ЕП во Будимпешта освојувајќи дури 14 златни медали или вкупно дури 26 медали.