Скамака за апсењето на неговиот татко: Јас сум потресен од она што се случи!

263

Медиумите во Италија вчера беа преполни со информации околу инцидентот поврзан со таткото на Џанлука Скамака и неговото дивеење во базата на Рома. Тој беше уапсен откако влегол во базата и искршил неколку автомобили меѓу кои и оној на спортскиот директор на тимот.

Со своја изјава околу инцидентот се огласи денеска и самиот Скамака.

„Јас сум потресен на од тоа што се случи и од она што го прочитав по медиумите. Јас навистина не знам како да го објаснам тоа. Болно е за мене да зборувам за тоа, но можеби е потребно. Татко ми не живее со мајка ми многу долго време. Тие не се разведени затоа што не се во брак. Ме воспитуваа мајка ми и сестра ми. Тие се моето семејство “, изјави Скамака.

Очигледно дека таткото на фудбалерот на Сасуоло е во ужасна ментална состојба, и целиот инцидент не е изненадување за младиот напаѓач.

ПретходноКуп на Македонија: Васоски и Симов ги објавија стартните состави
СледноГостивар стана пациент на Еуро Никел, кавадрчани на победа до полуфинале