Скандал во женска кошарка: Двајца тренери се тепале во Македонска Каменица

1343

Скандал во женска кошарка, кој засега ниту е забележан од страна на официјалните лица, ниту пак обелоденет од страна на КФСМ.

По завршување на мечот меѓу Баскет Кам и Вардар пред салата  „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица дошло до физиччка пресметка меѓу двајцата тренери. Александар Ашаданов и Александар Јованчев.

Засега не е позната вистинската причина, но кошаркарките на двете екипи биле сведок на оваа немила сцена. Најверојатно меѓусебната соработката на двајцата тренери во машкиот тим на Вардар, а сега како противници на овој натпревар била вовед на овој немил настан, велат за СПОРТМЕДИА извори кои биле на лице место на настанот.

Ова е лош пример за кошарката и затоа не треба да се премолчува.

СПОРТМЕДИА веќе се обиде да стапи во контакт со лица од федерацијата, но засега немаме одговор на нашето прашање.

Во текот на денешниот ден се надеваме дека КФСМ транспарентно ќе излезе со детали и став за тепачката во Македонска Каменица, и секако дали ќе се превземат мерки.

Инаку Баскет Кам се пласираше во финалето на плеј-офот, денеска (19 часот) игра против Бадел на гостински терен.

ПретходноНеверојатно: Славниот Ривер Плата ќе мора без голман да игра во Копа Либертадорес!
СледноАвстрија со Арнаутовиќ и Алаба ќе ја напаѓа Македонија