Солскјер: Кавани останува, но не значи дека нема да доведеме нов екстра напаѓач

88

Оле Гунар Солскјер не го коментираше премногу ремито против Фулам вчера на домашен терен туку повеќе се осврна на она што ќе се случува летово.

А тоа секако е трансфер пазарот и како Јунајтед ќе се однесува на него. Засилувања сигурно ќе има, а многу веројатно дека ќе се доведува и нов напаѓач.

„Тоа што Кавани останува со нас,  не значи дека нема да доведеме и друг екстра напаѓач. Кога се прави мозаик, истиот има многу делови“ – изјави Солскјер. На прашањето околу статусот на Хери Кејн тој додаде.

„Не можам да коментирам за играчи од други клубови. Тоа не е фер према никому. Можам да кажам дека и Меси и Кристијано Роналдо се интересни играчи, нели? На што би личело тоа. Знаете дека не функционирам така“ – изјави Солскјер пред медиумите.

 

ПретходноРајковиќ се раздели со Астана, одлуката е семејна
СледноРадовиш со важни бодови против Прилеп