Еден од тренерите со кои екс светскиот боксерски шампион Владимир Кличко работеше долго време, Џејмс Али Башир изјави дека е уверен дека Украинецот ќе направи кам бек во професионалниот бокс, и дека ќе ги изненади сите со својата моментална моќ, сила и капацитет.
„Две години тврдам дека Владимир ќе направи кам бек. Сите ме исмејуваат но, јас лично сум бил кај него во Украина, и сум се уверил во неговиот начин на тренинг во моментов. Доколку не планира да се врати тогаш зошто така жестото тренира? Уверен сум дека при неговиот кам бек ќе победи било кого од сегашните најдобри борци, Џошуа, Вајлдер или Фјури“ – вели Башир па додава.
„Уверен сум дека ќе го сруши рекордот на Џорџ Формен за најстар првак во тешка категорија“ – вели Башир.
Владимир Кричко во моментов има 45 години, а Формен кога ја освои титулата во 1994 година победувајќи го Мајкл Мур имаше 45. години и 99 дена.