Јувентус и ПСЖ со трофеите од Купот

129

Фото: Твитер

Екипата на Јувентус е освојувач на италијанскиот Куп откако вечерва на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија ја победија Аталанта со 2:1. Дејан Кулушевски го доведе Јуве во водство, но пред крајот на првиот дел изедначи Малиновски. Во второто полувреме Федерико Киеза ја затресе мрежата на „сино-црните“ и тоа се покажа како конечен резултат.

Купот патува кај „Старата дама“ по 14-ти пат или по пауза од две сезони.

Во Франција трофејот од Купот му припадна на Пари Сен Жермен. Во суперфиналето „светците“ славеа против Монако со 2:0 на „Стад д’Франс“ во Париз. Мауро Икарди во првото и Килијан Мбапе во второто полувреме ја тресеа мрежата на екипата од Монте Карло. ПСЖ по 14-ти пат е освојувач на францускиот Куп.

ПретходноФ4 повторно без Германци, Алборг го елиминираше Фленсбург
СледноЛиверпул се најде во пол-позиција за ЛШ