На денешен ден, 19 мај 2002 година, пред точно 19 години, женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија.
Ракометарките на нашиот ракометен првак успеаја да го совладаат тимкот на Херц во реванш финалето кое се одигра пред полни трибини во СРЦ Кале и да ја обезбедат европската круна. „Кометалки“ славеа со 26-22, откако на првиот меч на гости беа поразнеи со 27-25.
И денеска со задоволство се сеќаваме на фантастичните мигови кои ни ги донесе генерацијата предводена од Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушенко, Наталија Малахова и Елена Златановска.