Германскиот бундеслигаш Баер (Л) следната сезона ќе има ново тренерско име. Како што објави новинарот Патрик Бергер на Твитер, на крајот на сезоната на клупата на Баер ќе седне Жерардо Сеоан, кој во моментов е тренер на швајцарски Јанг Бојс.
Според изворот, 42-годишниот Швајцарец ќе потпише двегодишен договор со Баер.
Кон крајот на март, Баер го разреши Питер Бош од функцијата главен тренер. Поранешниот селектор на Германија до 19 години, Ханес Волф, беше назначен за вршител на должноста тренер до крајот на сезоната, но тој нема да ја добие довербата на клубот да ја предводи екипата и во новата сезона.
На коло пред крајот на Бундеслигата, „фармацевтите“ се шести на табелата со 52 освоени бода.