Васоски: Штета, бевме подобри, пеналите се лотарија, за повлекувањето од Лигата прашајте го Тренчовски!

2084

По мечот стратетог на А. Пандев, Александар Васоски беше видно разочаран. Неговиот тим го загуби финалето од Силекс и тоа на пенали. Секако дека него и неговиот тим нема и излез во Европа.

Прво да му честитам на Силекс. Мел нормален за крај на сезоната кога сите се истрошени. Според менебевме подобри. Имавме неколку шанси, во кои требаше само да погодиме. Пеналите се лотарија. Набрзина го направивме списокот на пеналџии. Димоски на тренинг погодува, исто и Велиновски. Реков дека пеналите се лотарија, не е гаранција дека искусените ќе погодат“ посочи Васоски.

За тоа дали навистина А. Пандев има намера да се повлече од лигата, тренерот Васоски истакна…

Не би коментирал ништо околу повлекувањето од Лигата, тоа е изјава на Тренчовски, прашајте го него“ заврши Васоски на пресот.

ПретходноОвој пат без изненадување во Аеродром: МЗТ Скопје поведе со 1-0
СледноСимов: Јунаци се ова, жал ми е што Ѕинго не може ова да го види!