Познати се стартните состави на Академија Пандев и Силекс за финалниот меч во Купот на Македонија, кој ќе започне за нешто помалку од еден час.
Тренерите на двете екипи, Александар Васоски (А. Пандев) и Горан Симов (Силекс) не експериментираа премногу. Им дадоа шанса на своите најдобри играчи кои ги имаат на располагање во моментов. Струмичани ќе нападнат со Радески, Миловановиќ и Крстовски, додека кратовци пак во офанзивата го имаат Пепи Горгиев, тука ќе му помагаат Тантуровски и Ивановски.