Премија од 150.000 евра ќе поделат репрезентативците!

708

Со одлука од Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, репрезентативците ќе поделат премија од 150.000 евра за првите три меча од квалификациите за СП во Катар 2022.

Познато е дека на средбите со Романија, Лихтенштајн и Германија нашите момци освоја шест бодови и моментално се на втората позиција на табелата во нашата група, веднаш зад Ерменија. Овој успех беше доволен повод, челниците на Фудбалската федерација да го наградат со вкупна премија од 150.000 евра.

ПретходноШвеѓаните веќе го прежалија, но Ибра порача: Ништо не е готово!
СледноПрво вакцина, па на ЕУРО!