Рајковиќ се раздели со Астана, одлуката е семејна

234

Емил Рајковиќ ја завршува својата мисијата во Астана. После три години минати во овој тим, исполнети со трофеи, македонскиот стратег се враќа во Македонија.

Причината поради која Рајковиќ одлучил да се раздели со тимот од Казахстан се неговите ќерки, негова желба е да продолжат да се школуваат во Македонија.

„Одлуката беше неизбежна. После три прекрасни години поминати во Казахстан, јас и моето семејство сакаме да се вратиме во Европа, а нашите ќерки да продолжат со студирање во Македонија“, изјави Рајковиќ за официјалната страница на двојниот освојувач на титулата оваа сезона. 

ПретходноИ официјално шампион: Црвена Звезда стана светски рекордер!
СледноСолскјер: Кавани останува, но не значи дека нема да доведеме нов екстра напаѓач