Оле Гунар Солскјер не го коментираше премногу ремито против Фулам вчера на домашен терен туку повеќе се осврна на она што ќе се случува летово.
А тоа секако е трансфер пазарот и како Јунајтед ќе се однесува на него. Засилувања сигурно ќе има, а многу веројатно дека ќе се доведува и нов напаѓач.
„Тоа што Кавани останува со нас, не значи дека нема да доведеме и друг екстра напаѓач. Кога се прави мозаик, истиот има многу делови“ – изјави Солскјер. На прашањето околу статусот на Хери Кејн тој додаде.
„Не можам да коментирам за играчи од други клубови. Тоа не е фер према никому. Можам да кажам дека и Меси и Кристијано Роналдо се интересни играчи, нели? На што би личело тоа. Знаете дека не функционирам така“ – изјави Солскјер пред медиумите.