Т.Пролет успеа да дојде до важните бодови за исполнување на европскиот сон. Скопскиот состав излезе како победник од пресметката против Охрид на гостински терен, славеше со 21-22 во рамките на 10. коло во плеј-офот.
Дуелот во Велгошти почна изедначено, домаќинот со серија од 3-0 поведе со 11-8 по првото полувреме. Охриѓани имаа и позитива од четири гола 13-9, но тоа не беше доволно за мирна завршница против мотивираниот состав на Т.Пролет.
Избраниците на Зоран Кастратовиќ со серија од 6-0 поведоа со 17-20. Сепак лесно не дојдоа до триумфот, мечот беше решен во самиот финиш, Андоновски поентираше за 21-22. Токму овој ракометар со пет погодоци беше најефикасен кај својот тим, еден помалку имаше Пејовиќ. На Охрид не му помогнаа седмуте гола на Манасков.
ФОТО: РК Т.ПРОЛЕТ