Челниците на Баерн му кажаа “НЕ“ на Нагелсман!

199

Јулиан Нагелсман од 1 јули и официјално ќе седне на тренерската клупа на Баерн Минхен. Но уште неседнат, уште не ни дошол во клубот, тој наиде на едно големо “НЕ од страна на раководството на клубот.

Имено, Нагелсман не може да ги добие како засилувања играчите кои тој ги посакува.

Тој на состанокот со првите луѓе на “баварците“ им посочил кои фудбалери ги посакува како засилувања, но едноставно тоа било нереално и за клуб како што е Баерн Минхен.

Имињата на тие играчи не допреле до јавноста, но секако дека младиот стручњак бил многу изненаден од фактот дека од раководството на неговиот нов клуб бил одбиен.

ПретходноТренерот на Кличко: Владимир ќе се врати и ќе ги сруши рекордите
СледноНеверојатно: Славниот Ривер Плата ќе мора без голман да игра во Копа Либертадорес!