Човекот кој ја предводеше Борусија (Д) оваа сезона, Един Терзиќ би можел да го преземе Тотенхем ова лето, пишуваат германските и англиските медиуми.
Младиот 38-годишен стручњак, кој ја започна сезоната како помошник на Лусиен Фавре, може да ја почне новата сезона како менаџер во Лондон.
Тој доби можност да ги предводи „милионерите“ и максимално ја искористи, го освои Купот на Германија и сега се наведува дека има три понуди од Англија.
Поканата на Тотенхем има најсилен ефект, но го бараат и од Њукасл и од Кристал Палас.