Ждрепката е на 15 јуни: Шкендија, Силекс, Шкупи и Струга ТЛ ќе ја претставуваат Македонија во Европа

700

Со освојување на пехарот во Купот на Македонија, Силекс од синоќа ја комплетираше листата на клубовите кои ова лето ќе ја претставуваат фудбалска Македонија во Европа.

Шкендија како првак ќе настапува во квалификациите во Лигата на Шампионите, и тоа како носител во првото коло.

Силекс како победник во Купот, а Шкупи и Струга ТЛ како втори и трети во првенството, се изборија да играат во квалификациите во новата Конференциска лига. Шкупи се уште има шанси да биде носител во првото квалификациско коло, но за тоа треба да се сочека.

Инаку ждрепката за стартното квалификациско коло во ЛШ и КЛ е на 15 јуни во Нион, додека следниот ден ќе се одржи ждрепката за втората квалификациска рунда.

Значи во екот на ЕП, на кое сите наши погледи ќе бидат свртени кон настапот на нашата репрезентација, овие четири клубови ќе ги дознаат своите ривали на евросцената. И за првпат во нашата фудбалска историја таа ждрепка ќе биде во втор план, рековме веќе зошто.

Да кажеме и тоа дека мечевите од првото квалификациско коло во ЛШ (Шкендија) ќе се играат на 6/7 јули и 13/14 јули, додека средбите од стартното коло во КЛ (Силекс, Шкупи и Струга ТЛ) се закажани за 8 и 15 јули.

ПретходноНемаа голман, па бранеше Енцо Перез и на крајот победија на меч од Копа Либертадорес
СледноАко не го сака Борусија (Д), Тотенхем има понуда за младиот тренер на „милионерите“